Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО 11 ЧАСА ПРЕГОВОРИ ЛАВРОВ Е ИЗМОРЕН, НО СРЕЌЕН: Баху и Ереван ќе разменат затвореници и убиени додека трае прекинот на огнот

ПО 11 ЧАСА ПРЕГОВОРИ ЛАВРОВ Е ИЗМОРЕН, НО СРЕЌЕН: Баху и Ереван ќе разменат затвореници и убиени додека трае прекинот на огнот

Во Москва 11 часа се преговараше за прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан во регионот Нагорно - Карабах. 

Средбата на министрите за надворешни работи на Русија, Ерменија и Азербејџан за Нагорно Карабах траела сè до полноќ. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, по преговорите објавила фотографија од нејзиниот шеф, Сергеј Лавров на Фејсбук.

„Го имам видено Сергеј Лавров во разни изданија. Мислев дека го познавам. Но, се покажа дека денес го запознав во вистинското светло. За време на 11-те часови на маратонот за преговори. Маестро“, напишала Захарова.

Баку и Ереван се договориле за прекин на огнот во Карабах од 10 часот напладне. Специфичните параметри на режимот на примирје во Карабах ќе бидат специјално договорени. Страните ја потврдиле непроменливоста на форматот на преговарачкиот процес. 

Баку и Ереван се согласиле да започнат размена на затвореници и тела на убиени.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, изјави дека хуманитарниот прекин на огнот, договорен на разговорите во Москва , ќе трае онолку колку што на Црвениот крст ќе му биде потребно да ја организира размената на телата. 

Слично

Поврзани вести