Економија, финансии, бизнис

Контакт

По 100 години пронајдена подморница

По 100 години пронајдена подморница

Австралиска подморница е пронајдена по потрага која траела цели 103 години, објави BBC.

Пронајдена е во текот на 13 мисија во водите во близина на еден остров во Папуа Нова Гвинеја.

Станува збор за првата австралиска подморница „HMAS AE-1“, која исчезнала во текот на Првата светска војна, во водите на Папуа Нова Гвинеја. Австралиската влада соопштила дека со ова откритие е решена една од најстарите поморски мистерии во оваа земја.

Подморницата исчезнала на 14 септември 1914 година со 35 членови на екипажот, Австралијци и Британци.

„Ова е едно од најважните откритија во историјата на австралиската морнарница. Исчезнувањето на оваа подморница беше прв знак за загуба на Кралската морнарница на Австралија и прва таква загуба на страна на сојузник во текот на војната. Голема трагедија и за нас и за нашите сојузници“- изјави министерката за одбрана, Марис Пејн.

Користен е подводен дрон, кој истражувал на длабочина од околу 40 метри над морското дно. Подморницата е пронајдена на 300 метри под површината на океанот.

Слично

Поврзани вести