Економија, финансии, бизнис

Контакт

Плоштадот преполн со демонстранти – Јанукович го напушти Киев

Плоштадот преполн со демонстранти – Јанукович го напушти Киев
Плоштадот „Независност“ во Киев и натаму  полн со десетина илјади демонстранти и покрај потпишувањето на спогодбата со претседателот на Украина, Виктор Јанукович. И додека Опозициските активисти целосно го презеле административнот кварт во главниот Јанукович си заминал од Киев. Украинскиот претседател Виктор Јанукович го напушти главниот град, изјави денеска во украинскиот Парламент, Врховата рада, лидерот на  Украинската демократска алијанса за реформи, Виталиј Кличко. - Ни остана само еден излез. Треба да организираме предвремени претседателски избори. Нашата иницијатива е да се донесе одлука за одржување предвремени претседателски избори не подоцна од крајот на април, посочи Кличко. Тој истакна дека украинскиот Парламент, Врховата рада треба итно да го принуди Јанукович да поднесе оставка. Украинските медиуми јавија дека киевската резиденција на Јанукович во Киев, која се наоѓа на околу 15 километри од главниот град е празна и необезбедувана, а новинарите слободно влегуваат во неа. Светските медиумите претходно пренесуваа противречни информации околу тоа дали Јанукович си заминал од Киев. Дел од светските медиуми, повикувајќи се на американски функционер јавија синоќа дека Јанукович го напуштил Киев и заминал во Харков на „одреден состанок“. Стејт департментот коментираше дека „не е ништо необично Јанукович по донесување на важни политички одлуки да го посети истокот на земјата, каде има многу приврзаници“. ИТАР-ТАСС меѓутоа подоцна ја пренесе изјавата на претставник на аеродромот во Харков, според кој претседателскиот авион не слетал таму. Во меѓувреме претседателот на Врховата рада, Володимир Рибак, кој е близок соработник на Јанукович, поднесе оставка, изјави заменик-претседателот на Парламентот. Рибак поднесе оставка, откако повеќе пратеници од владејачката Партија на регионите најавија дека ќе ја напуштат. Лидерите на опозицијата вчера потпишаа спогодба со Јанукович за решавање на кризата, која подразбира враќање на Уставот од 2004 година, со што се намалуваат надлежностите на претседателот, формирање на влада на национално единство и одржување предвремени претседателски избори до крајот на годината. Пред постигнувањето на спогодбата во судирите меѓу демонстрантите и полицијата од 18 февруари досега, според официјалните информации загинале 77 лица, од кои 16 полицајци, а повредени се над 600.
Слично

Поврзани вести