Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПЛЕН“ ВО КУРСК: Украинците заробиле 102 руски војници

„ПЛЕН“ ВО КУРСК: Украинците заробиле 102 руски војници

Украинските сили заробиле 102 руски војници во областа Курск.

Специјалните сили на Службата за безбедност на Украина (ССУ) заробија 102 руски војници во областа Курск, пренесува Укринформ.  Специјалните сили заробија 102 војници на 488-от гардиски полк и единицата Ахмат.

„Ова е најмасовното заробување на непријателот што успеавме да го извршиме во еден момент. Станува збор за заробување на Руси во областа Курск“, рече изворот на ССУ за Укринформ.

Тој вели дека тоа е овозможено со специјална операција спроведена од специјалните сили А на ССУ. Тие зазедоа и расчистија упориште на четата, која беше добро зацврстена од сите страни, со подземни комуникации и сместување за персоналот, менза, оклоп, па дури и бања. Вели дека непријателот немало да се предаде и имал повеќе од доволно резерви и муниција.

Како што пренесува Укринформ, заробените Руси од различни единици во регионот Курск изразиле желба да бидат разменети со борците од Азов кои се држат во руско заробеништво.

Експертите велат дека заробената руска војска во Курската област на Руската Федерација, вклучувајќи офицери на ФСБ, офицери на ГРУ, кадировци, регрути, ќе биде вредна размена за Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави денеска дека украинските трупи имаат целосна контрола над рускиот град Суџа во областа Курск. Во градот, кој е најголем кој Украина наводно го зазела досега, пред војната живееле околу 5.000 луѓе.

Пред една недела, украинските сили упаднаа во Русија. Руската инвазија на Украина почна пред две и пол години. 

Одлично украинско разузнавање и оружје обезбедено од САД го овозможиле брзиот напредок на украинските сили на руска територија во текот на изминатата недела. 

Слично

Поврзани вести