Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кинескиот змеј спас за „Прада“

Кинескиот змеј спас за „Прада“
Италјанската модна куќа Прада објавила дека во првото полугодие има раст на приходите  од продажбата за 11,6 отсто, пред се поради одличните резулати во Кина. Како што пренесува Ројтерс миланскиот производител на луксузна облека соопштил дека во регионот Азија-Пацифик ја зголемил продажбата за 17 отсто, посебно поради скокот на прометот во Кина, вклучувајки ги и Хонгконг и Тајван, додека неговиот германски конкурент Хуго и француската групација Керинг забележале пад на пазарот во Кина. Во соопштението се прецизира дека приходите во проследениот период изнесувале 1,73 милијарди евра, што е нешто помалку под очекувањата на аналитичарите кои во просек превидувале износ од 1,75 милијарди. Групацијата исто така отворила и пет нови продавници во светот од почетокот на јули во склоп со својата стратегија на меѓународен раст.
Слично

Поврзани вести