Платите во оваа земја незапирливо растат и тоа ги плаши
Платите на чешките работници силно растат, а со оглед на тоа дека Чешка е една од најстабилните европски економии, се очекува тоа да продолжи во следните години.
Меѓутоа, зголемувањето на животниот стандард има и свои лоши страни по економската политика на земјата.
Од октомври до декември лани просечната плата во земјата достигнала 31,646 круни (1229 евра) што е номинално осум отсто повеќе од претходната година.
Прилагодени за инфлација, платите во Чешка пораснале 5,3 отсто, наведува Блумберг, пренесува Poslovni dnevnik.
Растот на платите е најниска стапка на невработеност во ЕУ од 20,2 отсто, колку што е забележано во март годинава. За илустрација, најголем извозник во државата, произведувачот на автомобили Шкода, минатиот месец договорил со синдикатите зголемување на примањата - вклучувајќи бонуси и прекувремени часови за 20 отсто.
Додека трошоците на работа во Германија изнесуваат 34,1 евра по час, а на ниво на ЕУ се 26,8 евра, во Чешка се движат малку над 11 евра.
