Економија, финансии, бизнис

Контакт

Платите на жените во ЕУ се за 16% пониски отколку на мажите

Платите на жените во ЕУ се за 16% пониски отколку на мажите
Во пресрет на денот на жената 8 март, Еуростат објави податоци за индексот на плати на жени во Европската унија. Според податоците, платите на жените во ЕУ се во просек за 16% пониски отколку кај мажите. Според последните обработени податоци за 2011 година, индексот на разликите во платите меѓу мажите и жените во 27 земји на ЕУ е 16.2%. Овој индекс се пресметува врз основа на средна вредност на час плата. Најголемата разлика е во Естонија, кад ежените земаат 27,3%, пониски примања од мажите, односно една четвртина помала плата на жените во однос на мажите се бележи исто така и во Австрија и Греманија. Најрамноправна е платата во Италија, Полска и Словенија, каде што разликата е само 2,3%. Според податоците од Еуростат разликата во платите меѓу одделни земји зависи од многу фактори - традиции, областите во кои мажите и жените работат, празници од работа и бројот на работните часови за жените во однос на одгледувањето на децата.
Слично

Поврзани вести