1000 евра за вечера со Берлускони
Нов начин за финасирање на неговата партија Народ на слободата, најде Силвио Берлускони, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Според неговата идеја во Бари, административен центар на областа Пулија, ќе биде организирана вечера во чест на милијардерот и партиски лидер.
Оние кои ќе сакаат да ја споделат трпезата со Берлускони ќе треба да платат илјада евра.
За таа сума тие ќе бидат угостени со предјадење од ракчиња од локалниот залив Галиполи, пире од наут, тестенини од прегорена пченица, печена бела риба умбрина, која се наоѓа во Бискајскиот Залив, Средоземното, Црното и Каспиското Море и десерт Мафалда со шумски плодови.
На поканата на Берлускони веќе се пријавиле 400 лица. Средствата ќе бидат наменети за финансирање на Народ на слободата.
Слично
