Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАТАТА МИ Е 5.000 ФУНТИ МЕСЕЧНО, А АКО ЗАГИНАМ, МОЕТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ ДОБИЕ 37.000 - Сириец раскажува зошто отишол да се бори на руската страна во Украина

ПЛАТАТА МИ Е 5.000 ФУНТИ МЕСЕЧНО, А АКО ЗАГИНАМ, МОЕТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ ДОБИЕ 37.000 - Сириец раскажува зошто отишол да се бори на руската страна во Украина

На сиријските борци им се нудат по 5.000 фунти месечно за да се борат на првите линии за Русија во војната против Украина, дознава Би-Би-Си.

Еден сириски војник, кој доброволно се пријавил да се бори, рече дека верува оти Русија врши масакр во Украина, но исто така вели дека им помага на сиромашните Сиријци кои не можат да си дозволат храна.

Тој рече дека доброволно се пријавил, поради парите.

Неговото семејство не сакало тој да замине, но ќе добие 37 илјади фунти доколку тој биде убиен.

Тој рече дека знаел за најмалку 200 луѓе кои доброволно се пријавиле.

Украинската влада и водечката сириска невладина организација соопштија дека ширум Сирија се формирани 14 центри за регрутирање Сиријци кои ќе одат да се борат на страната на Русија во Украина.

Слично

Поврзани вести