Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАНОВИ ЗА ПАЛЕСТИНСКАТА ЕНКЛАВА ПО ВОЈНАТА: „Не сакаме контрола над Газа, но во секое време ќе ги ликвидираме убијците“

ПЛАНОВИ ЗА ПАЛЕСТИНСКАТА ЕНКЛАВА ПО ВОЈНАТА: „Не сакаме контрола над Газа, но во секое време ќе ги ликвидираме убијците“

Израел нема намера да ја преземе контролата врз Газа по завршувањето на конфликтот со Хамас, но ќе се обиде да формира кредибилна сила за да се осигура дека територијата повеќе нема да претставува закана за еврејската држава.

Ова го изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Фокс њуз, зборувајќи за плановите по завршувањето на војната меѓу неговата земја и палестинската милитантна група Хамас. Во ова крвопролевање досега има повеќе од 11.000 жртви. Во време кога ги отфрла сите меѓународни апели за прекин на огнот за заштита на цивилите и додека Палестинците секојдневно се евакуираат од северот на Појасот Газа, Нетанјаху нагласува дека нивната цел не е освојување или окупација на Газа.

- Израелските сили нема да се обидат да го раселат локалното население за време на копнен напад. Треба да видиме демилитаризирана, дерадикализирана и обновена Газа. Не сакаме да управуваме со Газа – рече Нетанјаху.

Сепак, тој додаде дека на таа територија ќе треба да се формира цивилна влада и дека неговата земја ќе мора да формира „кредибилни сили“ кои, како што истакна, би можеле да влезат во Газа и „да ги ликвидираат убијците во секое време“, нагласувајќи дека ќе спречи појава на ентитет сличен на Хамас.

Иако не се знае колку долго ќе трае војната на Блискиот Исток, во последните денови се повеќе се шпекулира што ќе биде со палестинската енклава откако двете страни ќе го положат оружјето. Портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби неодамна на новинарско прашање за тоа кој би можел да го преземе кормилото на Газа по војната одговори дека Белата куќа нема одговор на тоа прашање, но нагласи дека тоа не може да биде Хамас.

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас рече дека телото е подготвено да ја врати контролата врз Појасот Газа по војната меѓу Израел и Хамас, но нагласи дека тоа ќе го прифати само како дел од сеопфатното политичко решение кое вклучува палестинска држава во границите од 1967 година, со Источен Ерусалим како главен град.

ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Слично

Поврзани вести