Економија, финансии, бизнис

Контакт

Планови на ИСИЛ: „Спијачи“ ќе го освојуваат Багдад!

Планови на ИСИЛ: „Спијачи“ ќе го освојуваат Багдад!
Ирачките сунитски екстремисти подготвуваат напад врз Багдад со помош на ќелии „спијачи“ тајно уфрлени во главниот град, кои соработуваат со борците во предградијата, обелоденија високи ирачки и американски разузнавачи. Претставник на ирачките безбедносни сили проценува дека има околу 1.500 припадници на овие „заспани“ ќелии во западен Багдад и уште 1.000 во областите околу градот. Според истиот извор, нивна цел е багдадската „зелена зона“ - изолираната и обезбедувана област со владини згради на западниот брег на реката Тигар, а потоа да преминат кон заземање на западен Багдад и останатите области. „Постојат многу ќелии „спијачи“ во Багдад. Тие ќе ја заземат областа и нема да дозволат никому да ја преземе. Во западен Багдад тие веќе се подготвени“, вели овој извор. “Нападот на Багдад ќе биде наскоро. Ние сме подготвени. Може да следи секој момент“, потврдил за Ројтерс маж кој себе се опишува како припадник на една од овие ќелии. Тој објаснува дека работи во Багдад како физички работник, додека тајно ја координира својата група сунитски борци. Ирачката Влада тврди дека има информации за активностите на „спијачите“ и оти ќе може да го заштити главниот град. „Спијачи“ се терористички ќелии кои се притаени додека не добијат директни наредби за да преземат некоја акција. Извршуваат секојдневни обврски и тешко можат да се откријат меѓу многубројните жители на Багдад.
Слично

Поврзани вести