ПЛАНИРАЛЕ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Пет руски државјани уапсени во Франција!
Петмина руски државјани од Чеченија вчера биле приведени во градот Безие во јужна Франција под сомнение дека подготвувале напад, соопштија тамошните обвинители.
Петмината се задржани на распит во градот Безијер на 70 километри од Монпеље, на медитеранот.
Обвинителот истакнал дека кај нив е најдена одредена `стока`, без да прецизира за што се работи.
Еден од обвинетите живее во Безијер, а еден во Монпење, додека за другите се уште се утврдува местото на живеење.
Франција е во состојба на зголемена безбедност, по терористичките напади извршени од браќата Каши и Амеди Кулибали, во редакцијата на „Шарли Ебдо“ и во кошер маркетот, во кои се убиени 17 луѓе.
Во Чеченија, каде мнозинското население се муслимани, одржани се најмасовните протести поради објавувањето на карикатурата на пророкот Мухамед во сатиричниот весник „Шарли Ебдо“.
Според надлежните околу милион луѓе присуствувале на собирот организиран од државата, против „Шарли Ебдо“, во понеделникот во Чеченија.
