Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони

Украина oбјави дека руски шпиони планирале да постават бомби во еден украински град. Уапсените се двајца невработени жители на Киевската област, кои, според СБУ, окупаторите ги регрутирале преку каналот Телеграм, ветувајќи им „лесна заработка“. Третиот член на групата бил задолжен за изработка на експлозиви и нивно ставање во контејнери исполнети со завртки. Тие се во притвор и им се заканува доживотен затвор. 

Украинската разузнавачка служба соопшти дека спречила обид на руски шпиони да предизвикаат експлозии во централниот дел на земјата. Во градот Виница се уапсени тројца агенти на руската воена разузнавачка служба кои планирале да ја кренат во воздух зградата на полицијата и автомобилот на еден украински војник.

„Припадниците на СБУ навреме ги открија намерите на непријателот и ги уапсија извршителите на руската наредба во моментот кога поставуваа скриена камера во близина на местото на планираната експлозија“, се вели во соопштението.

И претходно, Украина апсеше руски шпиони, односно луѓе кои соработуваат со Русија. Русија и Украина повеќе од три години се во војна. 

Слично

Поврзани вести