Економија, финансии, бизнис

Контакт

План за апсење на Мадуро: Администрацијата на Трамп постигнала договор со војската на Венецуела?

План за апсење на Мадуро: Администрацијата на Трамп постигнала договор со војската на Венецуела?

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп постигнала договор со војската на Венецуела дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро ќе биде уапсен во текот на обидот на државниот удар оваа недела, пишува шпанскиот медиум "ABC".

Повикувајќи се на неименуван извор од Државниот совет за безбедност на САД, шпанскиот весник наведува дека Вашингтон, како што изгледа постигнал договор со министерот за одбрана во Венецуела Владимир Падрин Лопез.

Се смета дека Лопез бил еден од преговарачите во телефонски контакти во последните неколку месеци.

„Спутник“ ги пренесува наводите за тоа дека Лопез, со уште неколку министри и генерали, ги прифатил нацртите на договорот кој го предложил самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гваидо.

Во предложениот план е вкучено распишување на нови избори во Венецуела во рок од месец дена, како и признавање на лидерот на опозицијата Гваидо за законски и привремен шеф на државата.

Спогодбата, наводно, требало да биде потпишана во воената база Ла Карлота во Каракас, каде Гваидо, во вторникот на 30 април ја повикал војската и граѓаните да се придружат на смената на Мадуро.

Слично

Поврзани вести