Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАН НА ТРАМП: Држава за Палестинците, а Ерусалим останува на Израел

ПЛАН НА ТРАМП: Држава за Палестинците, а Ерусалим останува на Израел

Држава за Палестинците, а Ерусалим останува на Израел. Американскиот претседател Доналд Трамп го презентираше својот долгоочекуван мировен план за Блискиот Исток. Тој предлага решение со две држави,  но Ерусалим да биде целосен и неделив главен град на Израел. Овој план не налага раселување или менување територии меѓу Израелците и Палестинците.

Од  Белата куќа, заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп им порача на Палестинците дека неговиот план можеби е и последната шанса за нив.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи го како „исклучителен“ и дека претставува „реален пат кон траен мир“. 

Палестинците ги отфрлија предлозите на Трамп и протестираа во Појасот Газа. Демонстрантите палеле фотографии на Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и истакнале транспарент со порака „Палестина не е на продажба”.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток претставува „завера“, а нему и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача дека Палестинците и нивните права „не се на продажба“.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија изјави дека оваа група, која е на власт во Појасот Газа, ја поддржува „цврстата позиција” на Абас и го отфрла мировниот план на Белата куќа. 

Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека на Палестинците им се нуди условен суверенитет. 

Слично

Поврзани вести