Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЛАН Б: Субрата Рој има нов предлог како да излезе од затвор

ПЛАН Б: Субрата Рој има нов предлог како да излезе од затвор
Индискиот бизнисмен Субрата Рој доставил нов предлог до Врховниот суд на Индија за исплата на кауцијата потребна за да излезе од затвор. Адвокатите на Рој прифатиле да биде исплатена побараната кауција 10.000 крори (1,7 милијарди американски долари), но на три рати. Првата исплата од 2.500 крори (околу 415 милиони долари) Рој е подготвен да ја даде во рок од три работни дена, а уште 2.500 крори, како и банкарска гаранција за преостанатите 5.000 крори (околу 830 милиони долари) во следните 60 дена. Предуслов за овој предлог е итно ослободување на Рој од притвор и одмрзнување на имотот на неговите компании. Судот одлучил в понеделник да го разгледа овој последен предлог на Рој, со кој индискиот бизнисмен се обидува да излезе од затворот Тихар. Овој предлог е поблиску до барањата на судот, со оглед на тоа што судиите бараа Рој како гаранција за своето ослободување да да уплати 10.000 крори - 5.000 во судот и 5.000 во форма на банкарска гаранција до индиското регулаторно тело СЕБИ. Групацијата Сахара претходно го одби ваквиот предлог со образложение дека нема толку пари, а невозможно е да ги обезбеди додека Рој е во затвор, а имотите на неговите компании се замрзнати. Адвокатите на Сахара бараа ослободување на Рој за тој да може да продаде дел од неговиот имот и да ги исплати ситните инвеститори на кои им должи околу четири милијарди американски долари. Судот го одби ваквиот предлог.
Слично

Поврзани вести