„ПЛАМНУВА АФРИКА“: Само во уште една земја нема заразени со коронавирусот
На африканскиот континент само во една земја нема заразени од Ковид 19.
Станува збор за малото кралство на Лесото на југот на контингент, објави АП.
Оваа мала земја има 1.8 милиони жители.
Коморските острови го пријавиле првиот случај, со што стана 53-та од
54 африкански држави каде е регистрирана болеста. Во Африка бројот на заразени лица е повеќе од 37.400, а 1.598 починаа. Најголем број заразени лица, 5.350, има во најнаселената земја на
континентот, Јужна Африка.
Светската здравствена организација при крајот на февруари, изрази загриженост поради првиот случај на Ковид-19 во супсахарска Африка. Тоа беше Италијанец што живее во Лагос, Нигерија. Заразениот во Нигерија беше трет потврден случај во Африка.
фото Википедија
