Пламените јазици на Хаваите однесоа во смрт 106 луѓе меѓу кои има и деца
Расте бројот на жртви во пожарите на Хаваи. Бројот на загинати во Мауи на Хаваите се искачи на 106, а меѓу нив има и деца.
Мобилен тим на мртовечница им помага на властите кои работат на идентификување на жртвите.
Екипи со кучиња трагачи пребарале околу 32 отсто од областа, соопшти во вторникот округот на Мауи.
Гувернерот на Хаваите, Џош Грин, побара трпение. Тој предупреди дека може да се најдат уште десетици тела. Шумските пожари, од кои некои сè уште не се целосно локализирани, веќе се најсмртоносните во САД во повеќе од еден век.
Гувернерот на Хаваите рече дека пламените јазици се движеле со брзина од 1,6 километри секоја минута во една област, поттикнати од сува трева и силни ветрови од ураган.
Пожарот што ја зафати Лахаина ја уништи речиси секоја зграда во градот кој брои 13.000 жители. Пожарот е 85 отсто локализиран.
Американскиот претседател и првата дама Џо и Џил Бајден следната недела ќе отпатуваат на Хаваи за да го обиколат одморалиштето на островот Мауи што е опустошено од смртоносните шумски пожари, соопшти Белата куќа.Пожарот што избувна во националниот парк на шпанскиот остров Тенерифе се прошири на 300 хектари, поради што властите евакуираа пет села и го прекинаа пристапот околу вулканот Теиде.
