Пјонгјанг тврди дека е подготвен за нуклеарна војна со САД
Раководството на Северна Кореа тврди дека е подготвено да влезе во нуклеарна војна со САД, бидејќи Вашингтон го повика Пјонгјанг да ги исполни обврските со прашањето на денуклеаризацјата, пренесува рускиот медиум News.ru.
Во текот на редовните воени вежби, лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун рекол дека Корејците се „подготвени за секоја војна во кој би се користело и конвенционално и нуклеарно оружје“.
Тој исто така ја отфрлил можноста на секаков дијалог со моменталните власти во САД, наведувајќи дека „нема желба за преговарање бесните кучиња“.
Медиумите претходно шпекулирале за можни разговори помеѓу САД и Северна Кореја.
Специјалниот американски претставник за Сверна Кореја Сан Ким изразил разочарување во текот на посетата на Пјонгјанг бидејќи не успеал да се состане со претставникот на Северна Кореја. Ова ги поттикнало гласините дека САД ќе се обиде да стапи во дијалог со Пјонгјанг.
Портпаролот на Стеј департменот Џен Псаки, меѓутоа, рекол подоцна дека дијалогот е исклучен, се додека Северна Кореја не ги исполни своите обврски за денуклеаризација.
