Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЈОНГЈАНГ СЕ ЗАКЛУЧУВА ПОРАДИ НЕПОЗНАТА РЕСПИРАТОРНА БОЛЕСТ: Властите не кажуваат дали е корона! Им нареди на сите да мерат температура

ПЈОНГЈАНГ СЕ ЗАКЛУЧУВА ПОРАДИ НЕПОЗНАТА РЕСПИРАТОРНА БОЛЕСТ: Властите не кажуваат дали е корона! Им нареди на сите да мерат температура

Севернокорејските власти наредија петдневен карантин за жителите на Пјонгјанг поради непознато респираторно заболување, но не посочија дали се работи за Ковид-19.

Заклучно со недела, граѓаните мора да останат дома и да ја мерат температурата неколку пати на ден.

Во вторникот жителите на главниот град купија залихи за наредните денови во пресрет на новите мерки, но не е јасно дали мерките се усвоени и за другите делови од земјата, објави севернокорејската новинска агенција NK News.

Првата појава на Ковид-19 во земјава беше потврдена дури во мај минатата година, а победата над вирусот беше прогласена веќе во август.


Надлежните никогаш не го потврдија бројот на заразени со новиот коронавирус, туку само го пријавија бројот на луѓе кои имале треска. Севкупно, оваа бројка беше 4,77 милиони луѓе до 29 јули минатата година. Оттогаш, властите не објавуваат дневни податоци.

Државната новинска агенција КЦНА во вторникот објави дека властите во Каесонг, град во близина на границата со Јужна Кореја, ја зајакнале кампањата за јавна комуникација за „сите вработени доброволно да можат да ги следат мерките против епидемијата на работа и дома“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести