Пјонгјанг: САД хроничен непријател, санкциите нема да ја ослабнат земјата!
Воведувањето на американските санкции на Северна Кореја е контрапродуктивно и нема да предизвика слабеење на земјата, соопштил денеска официјален претставник на Пјонгјанг, нарекувајќи ги санкциите на Вашингтон „хронично непријателство“, пренесува државната севернокорејска Централна новинска агенција.
Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи политиката на САД е насочена на пристисок и неосновано поттикнување на негативни чуства кон Северна Кореја, а притоа „само се зајкнува нејзината одлучност да го штити сопствениот суверинитет и достинство на нацијата“.
Како што пренесува Ројтерс американската влада вовела санкции за три организации меѓу кои е и воената разузнавачка служба, и десет државјани поврзани со трговското оружје.
Американскиот претседател Барак Обама во петокот го одобри воведувањето на санкциите после хакерскиот напад на американската компанија „Сони пикчерс ентертаимент“ (Sony Pictures Entertainment) и на листата се личности кои работеле претходно во Иран, Сирија, Кина, Русија и Намибија, наведува РИА Новости.
