Пјонгјанг го распродава богатството
Северна Кореја го продава своето злато на Кина поради економската криза, објави агенцијата Ренхап повикувајќи се на свои извори.
Масовната продажба на златото, според зборовите на изворот, би можело да биде показател за жестоката економска криза, имајќи предвид дека е во спротивност со ставот на севернокорејскиот лидер Ким Ил Сунг „дека богатството по ниту една цена не се распродава“.
Истиот извор додава дека одлуката за продавање или непродавање на златото е најдобар показател за економската состојба на земјата.
Северна Кореја, според податоците на Јужна Кореја, чува околу два тони злато, чија вредност е околу 800 милиони долари.
Слично
