Пјонгјанг: Државна церемонија без Ким Џонг Ун
Севрнокорејскиот водач Ким Џонг Ун не присуствуваше на прославата на 69 годишницата од основањето на владеачката Комунистичка партија, што повторно покренува шпекулации за неговото здравје, пренесуваат странски агенции.
Името на Ким Џонг Ун не бил на списокот на претставници кои во Пјонгјанг му оддадоа почит на неговиот татко и дедо, Ким Џонг Ил и Ким Ил Сунг.
Севернокорејскиот водач не е виден во јавноста уште од 3 септември. Јужнокорејските власти минатата недела соопштиле дека Ким Џонг Ун нема никакви проблеми со здравјето. Како што наведува Франс прес, поради неговото отсуство од јавноста во Азија кружат разни приказни, од тоа дека има здравствени проблеми до тоа дека во тек е државен удар во една од најзатворените држави на светот.
