Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пиво блокирало автопат: Се судрија неколку возила - лименки и цемент го затворија патот (ВИДЕО+ФОТО)

Пиво блокирало автопат: Се судрија неколку возила - лименки и цемент го затворија патот (ВИДЕО+ФОТО)

Автопат во Флорида бил блокиран со часови поради илјадници лименки пиво, кои биле расфрлани откако се судриле пет камиони со полуприколки.

Сите ленти биле затворени откако еден камион-полуприколка што превезувал пиво удрил во камиони паркирани на страната на патот.

Фотографиите направени од сообраќајната патрола на местото на настанот покажуваат толку истурени кутии и лименки пиво што патот едвај се гледа.


Автопатот бил повторно отворен за сообраќај неколку часа подоцна. 

Според Тампа Беј Тајмс, два камиони со полуприколки се судриле на фреквентен автопат во средата наутро и застанале.


На помош застанале уште два камиони со приколки, како и еден пикап.

Петиот камион - оној што го носел пивото - не застанал навреме и удрил во паркираните возила.

Покрај пиво, по целиот пат се излеал и цемент што го превезувал еден од камионите.


Фото и Видео: Твитер

Слично

Поврзани вести