Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИСТИТЕ СЕ ОШТЕТЕНИ: Израел ги нападна аеродромите во Дамаск и Алепо

ПИСТИТЕ СЕ ОШТЕТЕНИ: Израел ги нападна аеродромите во Дамаск и Алепо

Израел утрово нападна цели во Сирија. Израелската армија изврши напади на меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо.

Израелски сили утринава ги погодија меѓународните аеродроми во сирискиот главен град Дамаск и во северниот град Алепо, при што загина едно лице, јавија сириските државни медиуми. Пистите се оштетени, а аеродромите не работат. Сириските државни медиуми, повикувајќи се на неименуван воен претставник, објавија дека аеродромите се нападнати од правец на Средоземното Море на запад и Голанската висорамнина на југ.

Во Дамаск еден вработен загина, а друг е ранет и причинета е материјална штета.

Израелската армија засега не коментира ништо.

Ова е втор напад месецов на аеродромот во Дамаск и трет на аеродромот во Алепо, додека тензиите растат на Блискиот Исток поради војната меѓу Израел и Хамас. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. 

Слично

Поврзани вести