Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИРОВА ПОБЕДА НА ТРАМП: Ќе се кандидира ли повторно за претседател во 2024?

ПИРОВА ПОБЕДА НА ТРАМП: Ќе се кандидира ли повторно за претседател во 2024?

Ново судење е стара приказна - Судскиот процес за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп заврши само пет дена откако започна на 9 февруари, а последната пресуда беше дека тој не е виновен за поттикнување на упад во Капитол Хил на 6.јануари. Со други зборови, Трамп може повторно да се кандидира за претседател на Соединетите држави и, како што рече самиот по ослободителната пресуда, не планира наскоро да ја напушти политичката сцена.

Досега имало четири судења во процесот на импичмент во американската историја, и ова е најкратко досега.

Тој може повторно да се кандидира за претседател на Соединетите држави во 2024 година, доколку одлучи да го стори тоа. Неговата партиска база сè уште е во голема мера зад него, но раздорот што го донесе процесот на импичмент меѓу републиканците е секако предупредување за поранешниот претседател.


Слично

Поврзани вести