Пиротехника го предизвика пожарот во барот во швајцарскиот ски центар, досега 40 починати
Спооред информациите на локалните власти, најмалку 40 лица загинале, додека околу 100 лица се повредени во бар во швајцарскиот ски центар Кран Монтана.
Според сведоци, се верува дека пироотехника го предизвикала пожарот во подрумскиоот дел од барот.
Швајцарските власти сè уште не го потврдија точниот број на смртни случаи. На прес-конференција, шефот на полицијата зборуваше за неколку десетици мртви.
Италијанското Министерство, исто така, изјави дека многу од жртвите не можат да бидат идентификувани во моментов поради тешки изгореници на нивните тела.
Италијански хеликоптер за цивилна заштита со спасувачка екипа беше исто така распореден за да им помогне на локалните власти.
Слично
