Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИРОМАНИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Запалени згради и возила

ПИРОМАНИТЕ НЕ ЗАПИРААТ: Запалени згради и возила

Нов бран на подметнати пожари има во Шведска. 

Неколку згради, пицерија и гаража, но и седум автомобили, се запалени ноќеска на југот од земјата. 

Пожарникарите неколку часа се бореле со огнот, но не можеле да ја спасат зградата, која била „целосно уништена“.

Гаража и неколку други згради се запалени во текот на ноќта, ризикувајќи пожарот да се прошири на блиските домови. 

Засега нема информации за повредени или загинати лица во пожарите.

Групи од млади лица се обвинети за подметнување повеќе пожари на автомобили низ цела Шведска во последниве години. Според податоците на Националниот совет за превенција на криминал, во периодот од јануари до јули годинава имало 1.835 такви инциденти.

Неодамна имаше запалени возила во повеќе градови во земјава, при што на удар беше главниот град, но и Гетеборг. 

Слично

Поврзани вести