ПИРАТЕРИЈА СО ВИСОК КВАЛИТЕТ, АВАТАР 2 СЕ ПРИКАЖУВА ВО РУСКИТЕ КИНА: „Пријателски земји“ го доставиле филмот
Како одговор на
руската инвазија на Украина, западните земји воведоа бројни санкции кон Русија,
а големите холивудски студија, меѓу кои и Sony, Paramount, Warner Bros, се
повлекоа од оваа земја, а стриминг услугите како Нетфликс и Спотифај ги нема.
Меѓутоа, не долго потоа, неколку руски градови на големо се префрлија на торенти, а билетите за прикажување нелегални копии на филмови се наплаќаат по 500 рубљи. Сепак, иако Здружението на филмски работници на Русија го осуди ваквиот развој на настаните и изјави дека ваквите потези „ја враќаат земјата во 1990-тите, кога цветаше црниот пазар и траеја најлошите денови на невидена пиратерија“, практиката не е запрена, па во моментов во некои кина низ Русија се прикажува најновиот филм на Џејмс Камерон - Аватар: Патот на водата.
Како што пренесува рускиот портал „Известија“, сопствениците на кино салите пред премиерата ветиле дека ќе успеат да го прикажат „Аватар 2“ во нивните кина – вака или онака. Ова ветување навистина се одржа и Аватар 2 почна да се прикажува во некои руски кина. И тоа, театрите не прикажуваат неквалитетни снимки, туку, како што наведува рускиот портал Медуза, станува збор за висококвалитетни копии, DCP формат, кои наводно пристигнале од „пријателски земји“ како Казахстан, сите со руска синхронизација.
Како и од каде точно ги добиле овие копии е тајна, но „Известија“ тврди дека сопствениците на кината за такви филмови плаќаат од 50.000 до 1.000.000 рубли.
Сепак, интересно е што пиратски проекции на филмот Avatar: The Path of Water добија конкуренција во форма на домашна пиратерија, бидејќи копии од хит филмот неодамна се појавија на најголемите торент сајтови, вклучувајќи го и поквалитетниот Telesync (TS) копија, па дури и копија со руска синхронизација.
