Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пиот: Вирусите се паметни затоа што се во постојана потрага по домаќин

Пиот: Вирусите се паметни затоа што се во постојана потрага по домаќин

Експертите тврдат дека коронавирусот ќе стане ендемичен, и постојано присутен на целата планета. Тоа ќе се случи поради сезонски жаришта поради намалувањето на природниот имунитет, поради недоволниот број на вакцини во сите делови на светот и поради новите соеви на кои претходните вакцини нема да дејствуваат.

Вирусологот Питер Пиот, кој го издвои геномот на вирусот ебола во 1976 година, објасни дека вирусите се паметни затоа што се во постојана потрага по домаќин, било да се тоа растенија, животни или луѓе, за да можат да се размножуваат.

Тој работи во Лондонското училиште за хигиена и тропски болести, и верува дека ковидот нема да биде последната смртоносна епидемија. 

„Живееме во ера на пандемии и мислам дека ќе имаме сè повеќе од нив, казнети сме затоа што не живееме во хармонија со природата“, рече тој. 

Во светот досега има над 174 милиони потврдени случаи на коронавирусот. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести