Пилотот на малезискиот авион деконцентриран – жена му го оставила?
Сопругата на пилотот на малезискиот авион Боинг 777-200 неодамна одлучила да го напушти, а тоа потполно го скршило човекот кој требало да управува со летот на линијата Куала Лумпур - Пекинг, пишува „Дејли мејл“, повикувајќи се на близок пријател на пилотот Захари Ахмад Шах.
Според пријателот, Шах воопшто не бил во состојба да управува со авионот, со оглед на тоа што неговата сопруга одлучила да го напушти, а одлуката му ја соопштила непосредно пред кобниот лет.
„Беше еден од најдобрите пилоти, но со оглед на тоа што му се случуваше, не верувам дека беше способен да лета“, изјавил за весникот еден од најдобрите пријатели на малезискиот пилот.
Тој вели дека е многу возможно од овие причини пилотот сам да одлучил да го урне авионот, а дека остатокот од екипажот забележал дека нешто не е во ред дури кога било предоцна.
Ваквите тврдења биле поттикнати и со информацијата дека според последните податоци, авионот нагло ја променил висината на летање пред да исчезне од радарите. На висина од само 12.000 стапки се задржал 23 минути, а во имал кислород само за 12 минути, што според експертите може да значи дека екипажот и патниците биле во несвест заради недостаток на кислород.
Слично
