Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИЛОТИ ЗАСПАЛЕ ВО АВИОН СО ПОВЕЌЕ ОД 150 ПАТНИЦИ: Контролата на летање изгубила контакт, авионот летал во погрешна насока, суспендирани се

ПИЛОТИ ЗАСПАЛЕ ВО АВИОН СО ПОВЕЌЕ ОД 150 ПАТНИЦИ: Контролата на летање изгубила контакт, авионот летал во погрешна насока, суспендирани се

Двајца индонезиски пилоти спиеле речиси 30 минути на контролите на авион кој летал за Џакарта со повеќе од 150 патници, покажуваат резултатите од истрагата.

Пилотот и копилотот заспале за време на летот на авионот на компанијата „Батик ер“, кој на 25 јануари летал од градот Сулавеси на југоистокот на Индонезија кон главниот град на Индонезија Џакарта.

Ова се наведува во прелиминарниот извештај на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот (КНКТ).

Забележано е дека за време на инцидентот имало голем број навигациски грешки, но дека 153-те патници и четирите стјуардеси на Ербас А320 не биле повредени за време на летот кој траел два часа и 35 минути.

Пилотите кои учествуваа во инцидентот на 25 јануари се привремено суспендирани, се додава во соопштението. Во извештајот на КНКТ се наведува дека околу 90 минути по полетувањето на авионот, капетанот побарал дозвола од копилотот да одмори извесно време, што тој му дал.

Копилотот ја презел командата со леталото, но потоа и тој заспал.

Неколку минути по последниот снимен пренос на копилотот, Регионалниот центар за контрола на летот во Џакарта се обидел да стапи во контакт со авионот, но не добил одговор.

Пилотот се разбудил 28 минути по последниот снимен пренос и сфатил дека неговиот копилот спие и дека авионот не е на правилната патека на летот.

Веднаш го разбудил колегата, одговарал на повиците од Џакарта и го поправил курсот, се вели во извештајот.

Генералниот директор на Индонезиската управа за цивилно воздухопловство Марија Кристи Енда Мурни рече дека телото ќе спроведе истрага и преглед на ноќниот лет во Индонезија во врска со управувањето со ризикот од замор за Батик Ер и сите оператори на летови.

ФОТО: EPA-EFE/STR

Слично

Поврзани вести