Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пилот висеше на далновод откако се урна авион

Пилот висеше на далновод откако се урна авион

Еден од пилотите висеше на каблите од далновод, откако белгиски борбен авион Ф-16 се урна во Франција. 

Пилотот е симнат по двочасовна операција на француските итни служби. Каблите биле со напон од 250.000 волти.

Пилотите имале полесни повреди откако скокнале од авионот во близина на градот Плувиње во Бретања. Авионот закачил најмалку една куќа пред да се урне. 

Командирот на белгиските воздушни сили Фредерик Вансена изјави дека авионот летал на височина од 500 метри,  кон француската воена база во Лоријан.

Авионот направен во 1983 година не носел оружје за време на летот и бил во добра состојба при полетувањето. Пилотот пријавил проблеми со моторот.

Слично

Поврзани вести