Пикот помина, а Јужна Африка го укина полицискиот час
Бранот на заразени со омикрон стивнува во Јужна Африка, а мерките се укинуваат.
Земјата го укина ноќниот полициски час. Се смета дека пикот помина. Приемите во болници се намалени во осум од деветте провинции во Јужна Африка, пишува Гардијан.
Податоците од јужноафриканскиот оддел за здравство покажаа неделно намалување за 29,7 отсто во новите случаи откриени во седмицата што завршува на 25 декември. Јужна Африка, со близу 3,5 милиони заразени и 91.000 починати, беше најтешко погодената земја на континентот. Омикрон е присутен во најмалку 110 држави во светот и зема замав во Европа.
foto freepik.com
Слично
