Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случува кога брокер ќе се опијани? Купил нафта и ја кренал цената на рекордно ниво!

Што се случува кога брокер ќе се опијани? Купил нафта и ја кренал цената на рекордно ниво!
За брокерите од  Лондон не е необично да не се сеќаваат на што ги потрошиле парите после вечерите поминати со многу алкохол. Стив Перкинс, брокер од компанијата PVM Oil Futures, имал  многу поголеми проблеми, отколку обичен  мамурлук . Всушност, Перкинс на 30 јуни минатата година , бил повикан од адмистративниот службеник во неговaта компанија за да дознае на што ги потрошил 520-те милиони долари службени пари и зошто преку лаптопот од својата куќа, купил  седум милиони барели сурова нафта. Всушност, се покажало дека Перкинс ја кренал цената на нафтата на највисоко ниво во изминатите осум месеци, а такво нешто можат  да  предизвикаат само настани од геополитичко значење. Во моментот кога компанијата PVM  видела дека купувањето било неовластено и почнала да ја корегира штетата , загубата се акумулирала во износ колку што бил  годишниот приход на компанијата. Перкинс после тоа бил отпуштен , а во истрагата признал дека делумно се сеќава на настанот и дека тоа го сторил под  дејство на алкохол.
Слично

Поврзани вести