Пезешкијан: Нашите прсти остануваат на чкрапалото, нема да ги напуштиме нашите либански браќа
По израелските напади на Либан, Иран се закани.
„Нашите прсти остануваат на чкрапалото“, изјави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан заканувајќи се по нападите на Израел врз Либан во кои загинаа повеќе од 200 лица, додека повеќе од 1.000 се повредени.
Кажа дека Иран никогаш нема да ги напушти своите либански браќа и сестри.
Пезешкијан ги оцени нападите како очигледно кршење на првичниот договор за примирје, додавајќи дека продолжувањето ќе ги направи преговорите бесмислени.
Иран се закани со „силен одговор“. Израел, пак, инсистира дека конфликтот со паравојската Хезболах во Либан не е дел од примирјето.
Мировните разговори меѓу Иран и САД треба да започнат в петок во Исламабад. Во меѓувреме, израелската армија повторно повика на евакуација во јужен Бејрут, предупредувајќи за нови напади врз Хезболах.Израел и САД на 28 февруари годинава го нападнаа Иран.
foto printskrin youtube
Слично
