Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петтиот бран на коронавирусот во Јапонија буквално исчезна

Петтиот бран на коронавирусот во Јапонија буквално исчезна

Необичен феномен се случи во Јапонија, додека светот се бори со коронавирусот. 

Петтиот бран на коронавирусот во Јапонија буквално исчезна, а научниците се целосно збунети. Tим oд научници вели дека многу заразната делта варијанта на коронавирусот мутирала до исчезнување. 

Во средината на август, имало голем пораст на случаите со коронавирусот во Јапонија, со над 23.000 инфекции дневно. Сега, тие дневни бројки се намалени на само 170 случаи, а починатите од таа болест се намалија на едноцифрена бројка во ноември, пишува РТ.

Се смета дека бројките се резултат  на многу високата стапка на вакцинација, јавното прифаќање на носењето маски и други епидемиолошки фактори. Но, некои научници сè уште веруваат дека овој пад е единствен во светот.

Изури Инуе од Јапонскиот национален институт за генетика, верува дека Јапонија имала среќа и сведочела дека делта сојот во голема мера ги искоренил другите варијанти на вирусот. Инуе и  колегите ги проучуваат мутациите на вирусот и како тие се засегнати од протеинот нсп14, кој е клучен за репликација на вирусот.

Во светот над 5 милиони луѓе починаа од вирусот. Во Јапонија вирусот однесе над 18.000 животи. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести