Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петти ден од примирјето во Украина, расте бројот на жртви

Петти ден од примирјето во Украина, расте бројот на жртви

Најмалку 17 украински војници се убиени, а 173 поврдени во последните 24 часа во борбите на истокот од земјата.

Порошенко побарал во Украина да дојдат меѓународните сили со мандат на ОН.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин изјавил денеска дека украинското барање за мировниците на ОН да дојдат во зоната на конфликтот има за цел да го уништи договорот од Минск и го обвини Порошенко дека со барањето за доаѓање силите на ОН сака да „го уништи договорот од Минск“.

Според минскиот договор, украинските и проруските сили требаше да го предадат оружјето од 15-ти февруари и да започна повлекување на тешкото наоружување од првата борбена линија.

Меѓутоа жестоки борби се воделе околку градот Дебаљцево кој се наоѓа помеѓу градовите Доњецк и Луганск, и двата под контрола на проруските сили. Во украинскиот конфликт кој започна во април минатата година, повеќе од 5,600 луѓе го загубиле животот, соопштува француската агенција.

Слично

Поврзани вести