Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петте најдобри места за дочек на Новата година

Петте најдобри места за дочек на Новата година

Нова Година е пред нас и секој е ангажиран со трескавична подготовка за празникот. Тaa се случува еднаш на секои дванаесет месеци, па многу луѓе одлучуваат дека вреди да вложат повеќе средства за да се веселат.

А некои дури сметаат дека е потребно да се напомене со нешто спектакуларно, како што се патувањата до некоја далечна дестинација. Ако и вие сте меѓу нив, „Business Insider“ ги наброја петте најдобри места за пречек на вечерта на 31-ви декември. Видете кои се тие:

Њујорк

Американскиот град предвидува многу различни начини за забава за време на празникот. Традиционално сепак е поврзан со шоуто кое собира милиони на „Тајмс сквер“. Таму различни музичари имаат концерти, а познатиот огромен огномет на врвот на облакодерот „One Times Square“ ги одбројува последните секунди до полноќ.

Рио де Жанеиро

Секоја година на 31-ви декември плажата Копакабана крие околу 2 милиони луѓе на најголемата и најверојатно најлудата новогодишна забава. Таа е поврзано со бројни религиозни, традиционални верувања, како и суеверија. На пример локалните луѓе се облекуваат од глава до пети во бело, бидејќи сметаат дека тоа ќе им носи среќа во текот на целата година. Заедно со тоа носат цвеќиња како дар за божицата на морињата.

Сиднеј

Постојат најмалку две главни причини за да го изберете австралискиот град за славење околу 31-ви декември. Едната е дека ова е првиот град во светот каде доаѓа нова година, поради географската положба. Заедно со тоа токму таму е најголемото шоу со огномет во светот.

Единбург

На 30-ти декември во шкотската престолнина започнува Тридневниот фестивал „Hogmanay“. Во првиот ден се одржува факелна поворка низ целиот град, што завршува со спектакуларно шоу со огномет. На самата Новогодишна вечера пак улиците на Единбург се исполнети со разновидни концерти. Тогаш се одржува и традиционалната Келтска забава. Фестивалот се затвора со добротворни настани заедно со трки со санки, влечени од кучиња.

Хонг Конг

Во Сиднеј може да е најголемото пиротехничко шоу, но во Хонгконг се прави уметност од огномет. Таму славењето завршува со огромно Танцување на змеј на небото над градот, насликано со помош на пиротехника.

Слично

Поврзани вести