Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петте деца на Берлускони задоволни од наследството, никој не се пожалил

Петте деца на Берлускони задоволни од наследството, никој не се пожалил

Петте деца на поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони го прифатиле наследството што им следува без дополнителен приговор, објавија италијанските медиуми.

Петте деца на Силвио Берлускони „постигнаа договор“ да го прифатат наследството на италијанскиот политичар и бизнисмен, кој почина во јуни минатата година, пишува италијанскиот печат.

Врз основа на овој договор, нема да има потреба од детален список за да се процени вредноста на секој движен и недвижен имот што го сочинува имотот на Берлускони.  Според последните проценки, вкупното богатство на Берлускони изнесува околу седум милијарди евра.

Како што пишува италијанскиот весник „Ил Месаџеро“, најстарата ќерка на Берлускони, Марина и неговиот најстар син Пјерсилвио, во согласност со желбите на нивниот татко добиваат 60 отсто од целото негово богатство.

Трите најмали деца, Елеонора, Барбара и Луиџи - кои „г-дин Тиви“ ги доби од бракот со Вероника Ларио - се согласија да ги добијат преостанатите 40 проценти..

„Ил Месаџеро“ пишува дека се смета дека е можно петте деца на Берлускони да одлучат да ја продадат вилата Чертоса, на Сардинија, за чие стекнување, според информациите, има купувачи кои понудиле повеќе од 300 милиони евра.


Слично

Поврзани вести