„Петтата авенија“ е најскапата улица на светот
„Петтата авенија" во Менхетен е на прво место на листата на најскапи улици во светот, покажуваат резултатите од истражувањето на Colliers International.
Cе зама во предвид просечната големина на кирии за комерцијална област. „Петтата авенија ", позната по скапите бутици, ги урива сите рекорди со 33 -те илјади долари годишно за еден метар квадратен. Истражувањето покажува дека во 2012 година просечната големина на кирии тука е зголемена за 11% , пренесе БГНЕС .
Во најскапите улици влегуваат и две улици во Хонг Конг - „Квинс роуд" и „Кантон роуд" , каде комерцијален објект може да се изнајми за 22.4 и 21.4 илјади долари на квадратен метар. Најскапата улица во Русија , пак, е „Тверскаја" , рангирана на 11 -то место, со речиси 8 илјади долари за квадратен метар годишно.
Слично
