Петмина се застрелани во близина на аеродромот во Кабул
Петмина се застрелани во близина на аеродромот во Кабул во Авганистан.
Тие имаат прострелни рани и се пренесени во болница.
„Најмалку пет нови пациенти се пренесени од аеродромот в болница со повреди од куршуми. Хаосот продолжува да владее во таа област“, стои во соопштението на организацијата „Имерџенси”, кое беше објавено на нејзиниот налог на Твитер.
Талибанците го освоија Кабул на 15 август, преземајќи целосна контрола над авганистанскиот главен град за само неколку часа. И сега е тензично во Кабул.
Германски цивил бил застрелан додека се обидувал да дојде до аеродромот во Кабул, пренесува Ројтерс. Според зборовите на потпаролката на германската влада, повредениот цивил со авион ќе го напушти Кабул.
Слично
