Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петмина од полицајците обвинети за смртта на Фреди Греј во Балтимор, се приведени

Петмина од полицајците обвинети за смртта на Фреди Греј во Балтимор, се приведени

Пет од шестмината офицери обвинети за убиството на 25-годишниот Фреди Греј во американскиот град Балтимор (Мериленд), веќе се уапсени и се под истрага.

Ова го изјавил градоначалничката на Балтимор, Стефани Ролингс-Блејк, цитирана од агенција „ТАСС“.

„Никој во нашиот град не стои повисоко од законот“, коментирала градоначалничката. Таа појаснила дека сите вработени, вмешани во инцидентот со младиот Афроамериканец, се отстранети од својата позицијата.

„Петмина офицери беа уапсени“, соопштила Ролинг-Блејк.

Таа сепак не дала точна информација за судбината на шестиот полицаец кој учествувал во злосторството. Наместо тоа, вети дека ќе се бори бескомпромисно со појавите на суровост и расизам меѓу претставниците на силите на редот.

Претходно беше јасно дека против шестмината функционери, кои биле на должност на 12 април кога беше убиен Фреди Греј, против нив ќе бидат покренати обвиненија за убиство без предумисла.

Слично

Поврзани вести