ПЕТИЦИЈА: Се бара на Бренсон да му се одземе титулата витез
Илјадници луѓе ги поддржуваат повиците на еден од најбогатите Британци, Ричард Бренсон да му се одземе титулата витез.
Петицијата е потпишана од повеќе од 13,000 луѓе.
Од Владата на Велика Британија побара да плати финансиска помош од 500 милиони фунти за Вирџин Атлантик и покрај тоа што, наводно, не плаќал данок на доход 14 години, пишува Метро.
Ричард беше критикуван минатиот месец откако од персоналот на Вирџин Атлантик беше побарано да земе осум недели неплатено отсуство, бидејќи авиокомпанијата беше во хаос поради пандемијата на коронавирус.
„Она што тој го прави е погрешно. Вие не можете да ја молите Велика Британија да собере пари за спасување на полуамериканска компанија кога седите на остров каде не плаќате данок“, вели човекот кој ја покрена петицијата.
