Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ЗЕМЈИ НАПРАВИЈА ПАКТ: Нема да чекаат и по итна постапка ќе ги одобруваат модифицираните вакцини кои ќе штитат од новите соеви

ПЕТ ЗЕМЈИ НАПРАВИЈА ПАКТ: Нема да чекаат и по итна постапка ќе ги одобруваат модифицираните вакцини кои ќе штитат од новите соеви

Модифицирани вакцини кои треба да обезбедат заштита од нови варијанти на коронавирус ќе бидат одобрени итно, објавија денеска регулаторните тела на петте земји кои се приклучија на конзорциумот ACCESS.

Конзорциумот ја вклучува Агенцијата за регулирање на лекови и здравство во Велика Британија (МХРА) и слични регулаторни тела во Австралија, Канада, Сингапур и Швајцарија.

Договорот меѓу петте земји ќе избегне долги клинички испитувања за одобрени вакцини кои ќе се прилагодат на новите варијанти на вирусот во иднина, сè додека производителот може да обезбеди „цврст доказ“ за ефикасноста и безбедноста, се вели во документот.

„Наш приоритет е да и понудиме на јавноста ефективни вакцини во најкус можен рок, под услов да останат безбедни“, рече Кристијан Шнајдер, раководител на истражување во МХРА.

Тој посочи дека јавноста не треба да се грижи бидејќи ниту една вакцина нема да биде одобрена доколку не е доволно безбедна за употреба, ефективна и квалитетна.

Здравствените експерти се загрижени дека новите варијанти на вирусот, вклучително и бразилскиот, се поотпорни на постојните вакцини, загрозувајќи ги плановите на многу земји за укинување на строгите ограничувачки мерки.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести