Пет верзии за убиството на Немцов
Опозиционерот добивал закани за својата позиција за "Шарл Ебдо"
Во моментов се проверуваат не помалку од пет можни верзии за мотивите за убиството на Борис Немцов, соопшти ТАСС, повикувајќи се на истрагата. Тие се како провокација за дестабилизација на политичката ситуација во земјата, како и трговската дејност на загинатиот, личната омраза против него, настаните во Украина и дури исламско-ексктремистички траги.
„Немцов може да стане своевидна сакрална жртва за секој кој не се гнаси да ги користи сите можни средства за да постигне политички цели. Педантно е испитана дури верзијата поврзана со исламско-екстремистичка трага, бидејќи постојат докази дека Немцов добивал закани, поради својата позиција за егзекуцијата на новинарите во „Шарл Ебдо“ во Париз“, се вели во соопштението на сајтот на истражната служба.
Во меѓувреме двајца осомничени се уапсени во врска со убиството на Борис Немцов. Рускиот претседател Владимир Путин е известен за апсењето, изјавил директорот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников на руската државна телевизија „Росија-24“.
Од истрагата најавија дека трагаат по уште четири лица кои се потпомогнале со оружје и го следеле политчарот.
