Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет важни факти за опасниот вирус Зика

Пет важни факти за опасниот вирус Зика

Вирусот Зика, кој се шири од комарци од сортата „aedes aegypti“, е осомничен како главен виновник зад бранот од вродени дефекти кај новороденчиња во Бразил. Болеста продолжува да се шири во Централна и Јужна Америка и Карибите, а веќе се регистрирани случаи низ целиот свет, а болеста е пренесена преку луѓе кои патувале во погодените региони.

Еве ги најновите информации што треба да ги знаете за вирусот:

1. Нови случаи на Зика се потврдени во САД, Данска, Финска, Португалија, Германија и Велика Британија.

Под надзор се ставени луѓе во државите Минесота, Тексас, Хаваи, Флорида и Илиноис и сите тие се заразиле додека патувале во странство.

2. И покрај доказите за болеста, венецуелската влада нема да открие информации за Зика.

Во Венецуела медицински специјалисти го утврдиле присуството на вирусот, но официјалните власти не даваат податоци колку е распространет тој во земјата. Венецуела граничи со Бразил, каде што повеќе од 4.000 бебиња неодамна беа родени со микроцефалија - вроден дефект, кој се сомневаат дека е поврзан со Зика. Според организацијата „Venezuelan Society of Public Health“ во земјата имало 400 000 случаи на вирусот во последните шест месеци.

3. И покрај вирусот Зика, според официјалните власти во Мексико жените ни треба да го одложуваат забременувањето.

Според мексикански вработени 18 случаи на Зика во земјата не се доволна причина за мексиканските жени да забават евентуална бременост. Ова е спротивно со останатите земји во Латинска Америка и Карибите, вклучувајќи ги Колумбија, Еквадор, Ел Салвадор и Јамајка, каде здравствените работници препорачаа жените да ја одложат бременоста, ако е можно.

4. Зика не е голем проблем за земјата во која е откриен.

Според „Virus Research Institute“ во Уганда, болеста никогаш не била голема појава во земјата во која вирусот е откриен кај мајмуни во 1947 година. Населението на Уганда повеќе се плаши од маларијата, која исто така се шири од комарци.

5. Претседателот Обама повика на брзо истражување на болеста.

Вирусот може да се шири по природен пат во САД, откако времето ќе се затопли, а Обама сака здравствените власти да развијат процедури и вакцини за борба против Зика што е можно поскоро.

Слично

Поврзани вести