Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет Руси, тројца Украинци и еден Ерменец се уапсени за експлозијата на Кримскиот мост

Пет Руси, тројца Украинци и еден Ерменец се уапсени за експлозијата на Кримскиот мост

Русија уапси неколку осомничени за експлозијата на Кримскиот мост која се случи деновиве и при која загинаа три лица. 

Станува збор за пет Руси, тројца Украинци и еден Ерменец. Тие се приведени поради нивната наводна вмешаност во експлозијата на 8 октомври, која урна дел од патот и предизвика голем пожар во нафтен резервоар долж мостот, пренесе денеска Интерфакс.

ФСБ ги обвини тајните служби на Украина за организирање на експлозијата. 

Ролните заминале на брод во август од украинското пристаниште Одеса до Бугарија. Тие потоа транзитирале низ пристаништето Поти во Грузија, а потоа се испратени по копно во Ерменија пред да пристигнат во Русија, според ФСБ.

Инспекторите тврдат дека рускиот државјанин Махир Јусубов, роден во 1971 година, го возел камионот на запад кон градот Симферопол на Крим кога експлозивот се активирал. За сите учесници во наводниот напад „вклучувајќи странски државјани“ ќе се постапи „во согласност со рускиот закон“. Украина официјално не призна дека стои зад експлозијата.  Оштетувањето на мостот предизвика вознемиреност во Русија, а рускиот претседател Владимир Путин го свика советот за безбедност. По нападот на мостот, Русија гаѓаше инфраструктурна мрежа во повеќе украински градови, при што 19 луѓе загинаа. Најмалку седум лица загинаа, а осум се повредени во руски напад на преполн пазар во градот Авдиивка, соопштија денеска украинските власти. 

Слично

Поврзани вести