Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет предвидувања за крај на светот во 2016 година

Пет предвидувања за крај на светот во 2016 година
Предвидувања за крајот на светот се појавуваат секоја година, поврзани со астрономски феномениили други теории на заговор. Англискиот таблоид "Метро", цитиран од агенциите, објавува пет предвидувања за крајот на светот во оваа 2016 година. Според нив најблискиот датум за крај на светот е наскоро - 14 февруари. Видете ги сите предвидувања: 1. Зошто 14 февруари? Бидејќи во филмот "ловци на духови 2" Бил Мареј изјавува дека завршувањето на светот треба да се очекува во 2016 година на врвот од празникот на вљубените. 2. Во 2011 година научник од НАСА предвиде дека магнетните полови на Земјата ќе ги менуваат местата токму во 2016 година. 3. Според приврзаник на теоријата на заговор Давид Монтана во Библијата било јасно наведено дека токму Барак Обама ќе биде реинкарнација на Антихристот. Тој ќе го уништи светот, како што е предвидено во Апокалипса, токму на 6 јуни оваа година. 4. Астероид ќе се судри со Земјата на 16 мај. Тоа е тезата на Пастор Рикардо Салазар, кој има доста следбеници на YouTube. Самиот Господ му соопштил на преподобниот овие детали. 5. Според сајтот The Mark of the Beast во 2016 година ќе завршат 70-те јубилејни циклуси опишани во светите книги. На крајот на овој период од 3431 години децата Божји ќе се вознесат во рајските градини. А со Земјата ќе биде завршено.
Слично

Поврзани вести