Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пет мудреци“: Германија мора да ги продолжи реформите

„Пет мудреци“: Германија мора да ги продолжи реформите
Германија не смее да ги ублажи или да се откаже од структурните и економски реформи, соопшти група независни економски советници на германската влада. Во годишниот извештај претставен на германската канцеларка, Ангела Меркел, групата германски експерти, позната како „Пет мудреци“, предупредила дека најголемата европска економија не смее да живее од стара слава и поради тоа да престане да оди напред, пренесува Франс прес. Нивниот извештај следи како одговор на неодамнешната критика од странство дека трговскиот суфицит на Германија е преголем и дека најголемата европска економија морала да стори повеќе за стимулирање на домашната потрошувачка и зголемување на извозот, особено од другите земји во Европа.  
Слично

Поврзани вести